Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со втората недела од минатата сезона, е намален за 12,2 отсто, додека, во споредба со бројот за втората недела од типичната епидемиска крива, моделирана од последните 13 сезони, зголемен е за 32,6 проценти.
Во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ, пристигнале 49 материјали од кои детектирани се 26 позитивни случаи на Influenza, 22 А(H1)pdm09, еден Influenza А(H3) и 3 Influenza А – несубтипизиран. Регистрирани се пет пациенти со респираторен синцицијален вирус (RSV) и еден пациент со SARS-CoV-2.
Во однос на возраста, 639 лица се на возраст од 15-64 години, 205 деца на возраст од 5-14 години, 167 деца на возраст до 4 години и 171 лице на возраст над 65 години.
Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст до четири години.
Најголем број од заболените се во Скопје – 186, Битола – 168, Дебар – 153, Тетово – 143, Гостивар – 123, а во останатите градови, бројот на пријавени е ≤100.
Во Свети Николе има висока активност на вирусот на грип, а во Дебар многу висока активност на вирусот.
Во текот на оваа недела, регистриран е еден смртен случај асоциран со грип. Се работи за лице на возраст од 65 години од Гостивар, хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети, кардиоваскуларни и белодробни и не било вакцинирано со вакцина против сезонски грип. Кај починатото лице, лабораториски е потврдена Influenza А(H1)pdm09.
Во сезоната 2023/2024, вкупниот број на случаи на грип или слични заболувања, изнесува 3.500, во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 13 отсто, а во однос на моделот од последните 13 сезони, се регистрира зголемување од 35,8 проценти.