Македонија АА

Расколот продолжува: Таравари разрешен, Села повторно е претседател на Алијанса за Албанците

Во петокот во Скопје конгрес одржа крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари, а тој беше реизбран за претседател на партијата.   

Расколот продолжува: Таравари разрешен, Села повторно е претседател на Алијанса за Албанците

На денешниот четврти конгрес на Алијансата на Албанците Зијадин Села е избран за претседател на партијата, а од функцијата е разрешен Арбен Таравари. Конгресот заврши, а се очекува Села да даде изјава за медиумите.

Во петокот во Скопје конгрес одржа крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари, а тој беше реизбран за претседател на партијата.

Расколот во партијата почна откако Таравари објави дека ќе ја поддржи албанската опозоција на изборите, а Села рече дека партијата не е консултирана и дека тие ќе одат на избори самостојно. (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top