Македонија

Пристигнато писмо со намери од „4iG Групација“

Пристигнато писмо со намери од „4iG Групација“

Пристигнато е писмо со намери од „4iG Групација“. Операторот изразил интерес за анализа на условите за влез на телекомуникацискиот пазар во земјава и за нудење услуги во мобилната и фиксна телефонија, соопшти Владата.

Како што информирал министерот за транспорт Александар Николоски на владина седница, иницијативата е усогласена со стратегијата на „4iG Групацијата” за проширување на нејзиното присуство во земјите од Западен Балкан.

-Во однос на ставот на Владата за зголемување на конкуренцијата и намалување на цените на услугите во мобилната и фиксната телефонија министерот за транспорт информираше дека е пристигнато писмо со намери од операторот „4iG Групација“. „4iG Групацијата“ е вториот по големина телекомуникациски оператор во Унгарија и водечки ИТ систем интегратор, со растечко инвестициско портфолио во секторот на вселенска и одбранбена индустрија. Во 2022 година, „4iG Групацијата“ се проширува на телекомуникациските пазари на Западен Балкан, воспоставувајќи значајни позиции во Црна Гора и Албанија преку лансирање на сопствениот телекомуникациски бренд – ONE, наведува владината прес-служба.

Најнови вести од Македонија

To top