Македонија УКИМ

Презентација на „Студентски манифест“

Повик кон политичките партии и јавното мислење за подобра иднина за студентите

Презентација на „Студентски манифест“

Претставници од Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (УКИМ), со поддршка на неколку универзитетски студентски собранија од државата, денеска ќе го презентираат нивниот „Студентски манифест“, на општествениот кампус на УКИМ (пред споменикот на „Св. Кирил и Методиј“).

Како што соопшти Данило Крстовски, портпарол на Универзитетското студентско собрание на УКИМ, документот го претставува нивниот повик кон политичките партии и јавното мислење за подобра иднина за студентите и подобрено високо образование во овој предизборен стадиум.

Најнови вести од Македонија

To top