Македонија Судот одобри

Претреси кај вработени на Онкологија, се бараат докази за кражби и злоупотреби

„Се преземаат дејствија по наредба на јавен обвинител. Штом имаме повеќе информации ќе споделиме“, велат од Обвинителството.

Претреси кај вработени на Онкологија, се бараат докази за кражби и злоупотреби

Обвинителството побара, а судот одобри претрес кај тројца вработени во Клиниката за онкологија и радиотерапија. Полицијата рано утрово упадна во нивните домови, каде со истражители од Обвинителството се проверува дали учествувале во злоупотреби и кражби правени од Онкологија. Засега, неофицијално е познато дека еден од претресите е во дом на раководител на сектор, пишува „Скопје1“.

Претресите се прават во рамки на веќе отворениот предмет за злоупотреби на оваа Клиника. Со месеци се истражува дали и како била крадена скапата терапија која треба да спасува животи на заболени од рак.

„Скопје1“ побара детали од Обвинителството, но оттаму, бидејќи ацкијата е во тек, не споделуваат информации.

„Се преземаат дејствија по наредба на јавен обвинител. Штом имаме повеќе информации ќе споделиме“, велат од Обвинителството.

Најнови вести од Македонија

To top