Македонија

Пренџов: ЛДП го има изгубено идентитетот во коалицијата СДСМ и ДУИ

Пренџов: ЛДП го има изгубено идентитетот во коалицијата СДСМ и ДУИ

Сметам дека граѓаните се единствениот суверен во оваа држава тие се тие што поставуваат и отповикуваат функционери, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов во вечерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма.

„ЛДП се залагаше за отворени листи, една изборна единица и еве сега за отповикување на градоначалници. Владата на СДСМ во последните 4 години, 3,5 години без вашите пратеници не може да функционира и ќе паднеше. Зошто ако бевте сериозни не му кажавте на СДСМ овие три барања се наши или Влада ќе немате“, рече Пренџов.

Пренџов посочи дека ЛДП го има изгубено идентитетот во рамки на коалицијата СДСМ и ДУИ.

„Навистина е срамота да 6 ипол години како партија раководите со Министерство за локална самоуправа и при тоа немате ниту еднаш побарано промена на закон за локална самоуправа, туку тоа го правите на десет дена пред крај на мандат, изјави Пренџов.

Пренџов запраша за тоа зошто тогашниот министер за локална самоуправа кога во 2018-2019 година на СДСМ им дал 50 милиони евра на општините да се деблокирани и да се со позитивни салда после 6 месеци тие општини беа уште по задолжени од претходно?

Најнови вести од Македонија

To top