Македонија

Пожар во напуштена куќа во Маџир маало

-Се интервенира на терен со две противпожарни возила и шест пожарникари. Нема опасност по другите објекти, истакнува Томевски за Курир.

Пожар во напуштена куќа во Маџир маало

Напуштена куќа во Маџир маало е опожарена утринава.

Командантот на скопската противпожарна бригада, Ѕвонко Томевски вели дека се работи за постар напуштен објект во кој имало отпад.

-Се интервенира на терен со две противпожарни возила и шест пожарникари. Нема опасност по другите објекти, истакнува Томевски за Курир.

Според информациите од Центарот за управување со кризи во изминатото деноноќие регистрирани во земјава се 9 пожари на отворено.

Најнови вести од Македонија

Теми на денот

To top