Во емисијата „Објектив“ на МРТ беа презентирани резултатите од анкетата на ИПИС направена пред претстојните парламентарни избори закажани за на 8-ми мај за актуелни изборни аспекти.
Едно од прашањата кое им било поставено на испитаниците во третата и четвртата изборна единица беше “Според вас, во каква насока се движи Македонија?„.
На ова прашање во третата изборна единица 61,8% од граѓаните одговориле во целосно погрешна насока, 13,1% во донекаде погрешна насока, 6,7% во донекаде правилна и само 4,4% во целосно правилна насока. Од испитаните 14% одговориле дека немаат одговор на ова прашање.
Во четвртата изборна единица на истото прашање, 68,8% од граѓаните одговориле во целосно погрешна насока,5,5 % во донекаде погрешна насока,6,8 % во донекаде правилна и само5 % во целосно правилна насока. Од испитаните 13,9% одговориле дека немаат одговор на ова прашање.
Овие резултати донекаде ги објаснуваат и одговорите на граѓаните во врска со тоа за која партија би гласале на претстојните избори.
Во изборната единица 3, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 32,8% од испитаниците, за СДСМ ќе гласаат 14,8% од гласачите, Левица добила поддршка од 3,9% од учесниците во истражувањето, а за партијата ЗНАМ се изјасниле 3,5%.
Во ИЕ4 вкупно 30,4% од учесниците во анкетата рекле дека на следните избори ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а 16,9% својот глас ќе го дадат за СДСМ. Во ИЕ 4 за Левица се изјасниле дека ќе гласаат 3,7%, а за ЗНАМ 2,6%.
Според овие резултати на анкетата повеќе од двојна е предноста на опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ.