„Генијалци, а што правевте 7 години на власт?“. „Да не крадевте ко улави 84 месеци по ред, може и ќе можеше ВМРО да ни ги покачат платите…“ „Како така апансас ви текна дека имало и народ во државава?“ „За 8 станавте економски Ајнштајни, којзнае што ќе ви текне по 80 месеци во опозиција?“ „Батали плати, туку, за преговорите со ЕУ, нешто ново не смисливте ли?“
Ова е само дел од коментарите на граѓаните, кои на социјалните мрежи се лути на навредата на интелигенцијата која им ја токми и на дневна база им ја приредува неинвентината и опозициска СДСМ со индолентните популистички мерки кои наликуваат на бледа копија на Гебелсовата Голема лага, постојано доставувајќи неразработени и нереални барања до новата влада за оправање на катастрофалните состојби – кои се такви само и само благодарение на нивниот 7-годишен аздис, безидејност и невиден арамилак на народната каса.
Уште поголем проблемем е што веќе стана навика уште дента или најдоцна утредента, власта да ги разобличи и раскринка нивните дилетантски, аматерски, нереални и тотално неразработени барања и предлози, за кои за промена треба некој (А ТАКОВ ВО СДСМ ОЧЕБИЈНО НЕМА) и да ги стокми со сериозност за да „држат вода“ барем една недела…
Денеска, пратеничката на СДСМ која повторно не објасни дали толку години беше директорка на УЈП со фалс „Кембриџ“ сертификат, остроумно посочи:
„Ако просечното зголемување на платата биде 7 500 денари за 400 000 вработени, тогаш вкупното покачување на платите на национално ниво би било 585 милиони евра. Подетално, 400 000 работници што во просек за 12 месеци би добивале по 7 500 денари тоа би биле 36 милијарди денари или 585 милиони евра што е дополнителен приход за граѓаните годишно“, рече Лукаревска.
Партијата која е во слободен пад и која ја очекува тотален дебакл на годинешните локални избори, по ес-де-ес логиката на „сто пати кажана лага станува вистина“, повторно се обидува со евтин и неинвентивен популизам да ја пополни дупката која катадневно се создава со одливот на членството во ЗНАМ кои во редици чекаат пред канцелариите на Максо, ценат познавачите на состојбите, анализирајќи дека ваквите инфантилни прес-конференции нема да и помогнат на направијата која е на добар пат кон целосна пасокизација. Граѓаните, велат експертите, немаат меморија на златна рипка, колку во тоа да „се крсти“ и да се надева партијата од Бихаќка.
Засега, „вода држат“ саде новите фризури на Лукаревска или Кузевска, единственото нешто за што граѓаните секојдневно се прашуваат каква и во која форма ќе бидат, но не и за соддржината на прес-конференцијата, које најчесто е нов, најмизерен обид за приземен популизам кој веќе не „пали“ ни кај најзакоравеното членство на СДСм…
Сосема „случајно“, Левица симултано со СДСМ денеска во Собранието предложи измени на Законот за работни односи со кои бараат платата на тековниот месец да биде исплатена најдоцна до 5-ти наредниот месец, наместо до 15-ти како што е случајот досега. Од Левица сметаат дека предлог-законот доаѓа како резултат на реалната економска состојба на работниците во нашата земја и има цел да обезбеди навремена и правична исплата на платите.
Уште послучајно, дел од синдикатите најавуваат протести доколку минималната плата не се зголеми на 500 евра.
Така е во Македонија, во светот, пак, случајноста се дефинира како момент кога на сцената не се гледаат врвките со кои кукларот ги придвижува марионетите на сцената.
Не случајно, велат, дека единствени кои знаат со каква фризура ќе настапат Лукаревска и Кузевска биле Апасиев и ССМ…
И, не, немале врски кај фризерите…