Денес поставуваме темел на нешто што е многу повеќе од градежен проект, денес поставуваме темел на иднината, рече Мицкоски.
-Со започнувањето на изградбата на новиот модерен кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје ја потврдуваме нашата цврста определба да инвестираме во знаење, во младите и во развојот на високото образование, рече премиерот Мицкоски.
Мицкоски рече дека проектот претставува стратешка инвестиција во иднината на државата, инвестиција која ќе создаде современи услови за образование, научна работа и академски развој.
-Владата донесе одлука со која што се обезбедени вкупно 42 милиони евра, од кои што веќе 40 се наменети за изградбата а 2 милиони за надзорот на градбата со цел целиот процес да се реализира професионално, квалитетно и транспарентно, додаде Мицкоски.
Новиот кампус ќе се гради на површина од 31 илјади метри квадратни и ќе претставува современ академски комплекс со модерни објекти, амфитеатри, студентски простор, спортски сали, базен и инфраструктура која ќе одговара на потребите на современото високо образвание, појасни премиерот Христијан Мицкоски.