Македонија Дубаи ко катиљ ферман

Пост Дубаи „порака во шише“: Врхушката на СДСМ му откажа љубов на Филипче

Веројатно разочарани од однесувањето на Филипче и од неговата променада во Дубаи, а и од многу други причини, голем број партиски кадри од т.н. прва постава на Централниот и на Извршниот одбор, како и од пратеничката група на СДСМ, едноставно, не дошле на седницата на Бихаќка, на која е донесена одлука за свикување партиски конгрес.

Пост Дубаи „порака во шише“: Врхушката на СДСМ му откажа љубов на Филипче

Вторничката седница на Централниот одбор на СДСМ покажа дека претседателот Венко Филипче ги контролира само маргиналците во раководните тела на партијата, а повеќето партиски кадри од досегашното раководство тивко го бојкотираат, пишува Плусинфо.

Седницата на Централниот одбор на СДСМ, одржана во вторникот вечерта, на која е одлучено да се одржи конгрес за избор на ново раководство и за нови политики и да се воведат функции двајца организациски секретари, била вистински фијаско за партискиот лидер Венко Филипче.

Веројатно разочарани од однесувањето на Филипче и од неговата променада во Дубаи, а и од многу други причини, голем број партиски кадри од т.н. прва постава на Централниот и на Извршниот одбор, како и од пратеничката група на СДСМ, едноставно, не дошле на седницата на Бихаќка, на која е донесена одлука за свикување партиски конгрес.

Седницата се одржала на работ на кворум, а отсуствувале поранешниот лидер Димитар Ковачевски, генералниот секретар Миле Зечевиќ, секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ, досегашните потпретседатели Стефан Богоев и Бисера Костадиновска Стојчевска, пратеничката Славјанка Петровска, Андреј Петров, Петре Шилегов и неколку членови на Извршниот одбор, повеќе пратеници…

Од фотографиите објавени од седницата токму на страницата на СДСМ, може да се забележи дека на работната маса лидерот го придружува еден член на стручните служни на Бихаќка и Јон Фрчковски, во непознато својство.

Бесен од оваа срамна слика, Оливер Спасовски дискутирал остро и неговиот говор бил доживеан како жестока критика на раководството на партијата на чело со Филипче, кој од Бихаќка направил не втора или трета партиска лига, туку потсојуз.

Не поминал ни предлогот за статутарна промена со која би се укинало местото заменик претседател. Некои членови на Централниот одбор ја нападнале оваа идеја како отстапка од политиките за родова еднаквост. Досегашната заменичка Сања Лукаревска резигнирано рекла дека слободно можат да го укинат тоа местро, бидејќи таа и досега не се чувствувала како партиски функционер. На ова се надоврзал партискиот потпретседател Фатмир Битиќи, кој рекол дека ако сакаат можат да ги укинат и потпретседателските места во партијата, бидејќи и тие ништо не значат.

Во ваква туробна атмосфера, Филипче останал само на идејата да се воведат двајца организациски секретари, за кои уште сега се знае дека се „избрани“ и дека се негови блиски луѓе.

Ниту од партиското соопштение, а ниту од нашите извори од СДСМ, не може да се дознае што станува со мандатот на Филипче кој завршува во март 2025 година и со изборот на старо-нов или нов партиски лидер.

Еден помалку познат член на Централниот одбор од Куманово го изнел предлогот за кој вчера, во вторникот, пишуваше Плусинфо – да нема нови избори за претседател, туку на Филипче да му се продолжи мандатот.

СТАСАА ДИРЕКТИВИТЕ ОД ДУБАИ Ќе ги потврди ли Централниот одбор на СДСМ плановите Венко Филипче да биде октроиран во лидер со фул мандат?

Но, Кумановецот предложил мандатот да не му се продолжува четири години, туку само до локалните озбори. Добрите познавачи вака модифицираниот предлог го разбираат како трик, бидејќи е јасно дека СДСМ ќе биде далеку од победа на локалните избори. Во таков случај, Филипче автоматски ќе го понесе товарот на одговорноста за поразот, бидејќи мандатот ионака ќе му заврши тогаш.

Како и да е, иако се остварија предвидувањата дека членовите на раководните тела на СДСМ нема јавно да им се спротивстават на Венко Филипче и на неговиот политички ментор Зоран Заев, вторничката седница на Централниот одбор покажа дека Филипче ги контролира само маргиналците во раководните тела на СДСМ, а повеќето партиски кадри од досегашното раководство тивко го бојкотираат.

Резултатот на ова е срамна слика за состојбите во СДСМ, за која директно и отворено проговорил само Оливер Спасовски. Пред некој ден јавно се огласи и Петре Шилегов. Кој е следниот?

Извор: Плусинфо

Најнови вести од Македонија

To top