Македонија

Последен ден за пријавување на вториот тендер за компресорската станица на Клиничкиот центар во Скопје

Денеска истекува рокот за пријавување на заинтересирани фирми за учество на вториот тендер за компресорската станица на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје што го распиша Министерството за здравство.

Три фирми првично пројавиле интерес за тендерот и ја посетиле локацијата. Минатата недела информацијата за МИА ја потврди Стојче Николовски, стручно лице за посета на терен, задолжено од комисијата и раководител на Секторот за техники работи во ЈУ од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетски клиники, завод и ургентен центар – Скопје.

– Три заинтересирани фирми ја посетија локацијата со цел да видат што ќе биде потребно да се набави и каде да го монтираат тоа, појасни тогаш Николовски во изјава за МИА.

Во мај, операциони сали на Клинички центар беа затворени поради непријатна миризба. За итни интервенции, пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември”.

Беше распишан тендер за набавка на нова компресорска станица, кој пропадна бидејќи не пристигна ниту една понуда.

To top