Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес ги презентираше резултатите од работата на Министерството за внатрешни работи за изминатата година.
Во паркот позади домот на културата е поставен карванот „До Вас, за Вас“, во кој полицијата презентира дел од своите единици и опремата која ја користат со цел запознавање, соработка и креирање доверба помеѓу граѓаните и полицијата.
На настанот,присуствуваа претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, раководството на министерството и други официјални гости.
Настанот се одржа во Домот на културата „Билјана Беличанец” во Општина Кисела Вода.