Македонија венко заигра „ол ин“ ко заев

Подрум на ДНОТО: Филипче ги плаши граѓаните со непостоечки мигранти, кои ЗАМИСЛЕТЕ – ќе гласале за ВМРО-ДПМНЕ?

Ова е дел од старата шема со наводни фантомски гласачи која ја тераа неговите претходници во СДС, за да испадне дека токму СДС и нивниот Заев и Чаушот (кој за тоа е и во затвор) правеле лажни лични карти за да СДС оствари подобри резултати на избори и да шират лажни вести дека тоа го прави ВМРО. Еден „колега“ доби и награда на ЗНМ за „сторијата“. Нити тие се извинија, нити тој ги врати парите од неа, Заев уште помалку. Е сега се мигранти, не фантоми…

И повторно, трет пат до сега, лузерот Филипче го изруга и го поврза Стратешкиот договор и 6-те милијарди евра со криминал и со мигранти, навредувајќи го Обединетото Кралство. За Македонија тоа е веќе добар ден.
Велат, соочен со стегањето на обрачот околу неговите и криминалите на Заев и неизбежната смена на Љупче Коцевски (последниот заштитник), Филипче ќе оди како Заев. Ол ин, велеше муртинскиот му ментор. Зошто неговиор ученик и пулен би бил макар малку поинаков.

И така, Венко заигра на се’ или ништо…

Подрум на ДНОТО: Филипче ги плаши граѓаните со непостоечки мигранти, кои ЗАМИСЛЕТЕ  – ќе гласале за ВМРО-ДПМНЕ?

На прес-конференција базирана на трач-текст на британски петпатрачки и сензационалистички медиум од рангот на жолт печат, Венко Филипче, надобудниот лидер  и најголем лузер на локалните избори излезе со фантастична прикаска во која, верувале или не, изјави дека со отпор во секој град и село ќе спречеле доаѓање странски мигранти?!?!

За да пародијата биде уште поголема, Филипче увозот на имагинарните мигранти го објасни со наводна потреба на ВМРО-ДПМНЕ мигрантите да гласат за нив? А тие губат 4:1 од истите?!! Да не му требаат мигранти на СДС за гласање, ве тера да се запрашате. Логика, нели…

Филипче најави и покренување на патетична онлајн петиција како прв чекор за спречување на, како што го нарече, наводното антидржавно и антинационално однесување на Владата.

– Дали може да се очекува дека на мигрантите ќе им бидат дадени македонски пасоши и ќе бидат гласачка машинерија на ВМРО-ДПМНЕ? Сепак, се ближат избори. Дали е ова, цената што треба да се плати за да се добие кредит од 6 милијарди евра – праша  Филипче.

Дали тука Фројд проговоре кај него, во желба да најде какви-такви макар мигранти, макар биле и вонземјани кои би гласале за неговиот СДС, па си ја кажа оваа лудорија „лидерот“? Имајќи ги предвид бројките од минатите избори и последната анкета на ИПСОС и ИПИС каде разликата е повеќе од 4:1, мигранти и вонземјани му се потребни токму на него.

Ова е дел од старата шема со наводни фантомски гласачи која ја тераа неговите претходници во СДС, за да испадне дека токму СДС и нивниот Заев и Чаушот (кој за тоа е и во затвор) правеле лажни лични карти за да СДС оствари подобри резултати на избори. Е сега, мигранти, не фантоми, утре ќе бидат и марсовци. Стара СДС финта, нова будала (народ)? Тешко, прочитани се како буквар дилајлите, стоти пат…

И повторно, трет пат до сега, лузерот и политичка камиказа Филипче го изруга и го поврза Стратешкиот договор и 6-те милијарди евра со криминал и со мигранти, навредувајќи го директно со тоа и Обединетото Кралство. За Македонија тоа е веќе добар ден. Каде и да е. И тие ќе го демантираат, исто како што пред три дена пишаа од амбасадата дека се работи за заедничка борба со нелегалната миграција и криминалот кој произлегува од неа, не за депортација и вдомување мигранти. Арно ама, Венко и Богданка не прочитале…

Филипче повторно не одговори, од каде му златната виза во Дубаи, „непостоечката“ викендица во Нерези, џипот подарен и вреден 130.000 евра, чувствува ли одговорност за бизнисот со корона вакцините и 3-то место во свет по загинати, за модуларната болница и изгубените животи, за онкологија… Не, поважна беше една лажна вест од британски медиум, вистината не е битна.

Велат, соочен со стегањето на обрачот околу неговите и криминалите на Заев и неизбежната смена на Коцевски (последниот заштитник), Филипче ќе оди како Заев. Ол ин, велеше муртинскиот му ментор. Зошто неговиор ученик и пулен би бил макар малку понаков. Особено кога Црпко и сега му кажува што да бекне, како да се исчешла, што да облече и доручкува….

И така, Венко заигра на се’ или ништо…

На социјалните мрежи веќе иронично се потсмеваат со ултра-губитникот Венко. Велат, ете, пораката не Филипче кажува се’:  И мигрантите кои немаат поим за и околу Македонија, ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, не за СДС. Точка.

Други велат: Дури и мигрантите ќе имаат помакедонско чувство и ќе бидат попатриоти од вас. Мењам комуњара за мигрант, на слепо, од каде и да е…

Трети: Бранко, аман врати се, молим те…

Најнови вести од Македонија

To top