Македонија потврдуваат од општината

По пожарот во Расадник, комуналните редари и инспектори со дуплирани контроли

По вчерашниот голем пожар во Расадник, од општината за Курир потврдуваат дека контролите ќе бидат засилени, како кон правните, така и кон физичките лица кои ќе одлагаат отпад.

По пожарот во Расадник, комуналните редари и инспектори со дуплирани контроли

Комуналните инспектори и редари од Општина Кисела Вода ќе ги дуплираат контролите кои и досега се вршеа во Расадник.

По вчерашниот голем пожар во Расадник, од општината за Курир потврдуваат дека контролите ќе бидат засилени, како кон правните, така и кон физичките лица кои ќе одлагаат отпад.

Пожарот кој вчера избувна, зафати поголема површина од расадникот. На терен интервенираа противпожарни екипи, помогнати од локалните жители и Центарот за управување со кризи.

Меѓу првопристигнатите беше и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој се вклучи во гаснењето на пожарот. По локализирање на огнот тој одговори на реакциите во врска со сомнежите за намерно подметнување на пожарот за натамошна изградба на згради.

-Можам да истакнам и да гарантирам дека моја заложба беше да се поништи штетниот ДУП за Расадник со 99 згради и да се објави меѓународен конкурс и транспарентно општината го води процесот, така да, ниту еден пожар, ниту една било каква непогода, не може да влијае против мојата намера граѓаните заедно со експертите да го креираат и изберат новиот ДУП. Без грижи, никој повеќе нема да гради без план на опожарени површини. Јас стојам заедно до интересите на граѓаните, истакна вчера Ѓорѓиевски.

Полициски екипи на лице место извршија увид. Од МВР за Курир велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, а до овој момент нема приведено лице осомничено за подметнување на пожарот во Расадник.

Најнови вести од Македонија

To top