Македонија хуманитарен натпревар

Пикси предлага хуманитарен пријателски натпревар со Србија за семејствата на загинатите во Kочани

„Би сакал да изразам сочувство до семејствата на жртвите. Ќе предложам Фудбалскиот сојуз на Србија да го контактира македонскиот сојуз за евентуално организирање пријателски натпревар од хуманитарен карактер“, изјави популарниот Пикси на прес-конференцијата во Стара Пазова, пред дуелите со Австрија во баражот за останување во А дивизијата од Лигата на нации.

Селекторот на српската фудбалска репрезентација, Драган Стојковиќ денеска покажа почит и изрази сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во Кочани.

Тој истовремено откри дека планира да предложи одигрување на хуманитарен натпревар меѓу Србија и Македонија, преку кој би се собрале средства за помош на настраданите.

To top