Македонија Затоа ли е паниката на Зоран и Венко толку голема?

Петрушевски: Се расплеткува нарко мрежата блиска до Заев и Филипче, епилогот води кон нивна инволвираност

Фирмата ЦБД Медплант во вистинска сопственост на Тони Котев, поранешен функционер на СДС и близок човек на Заев и Филипче, уште од почетокот работела со пропусти, изјави на прес-конференција пратеникот, Бране Петрушевски.

Иако Филипче тврдеше дека во негово време се било во ред, нашите информации велат друго. Имено, за да се складираат 30 тони дрога треба да помине процес од околу 4-5 години, што значи дека фирмата на Котев, работела незаконски од времето на Филипче и Заев. Денес, Заев и Филипче бегаат од името Тони Котев како од ѓаволот, се прават дека не го знаат а до вчера се сликаа со него. Фирмата ЦБД Медплант, да потсетиме доби лиценца во 2020 година, токму од Заев и Филипче. Во тоа време и Филипче и Заев, сакаа да ја направат Македонија туристичка дестинација за користење на марихуана и ја промовираа продажбата на цвет од канабис. Затоа, по нивна насока во 2023 година е сменет подзаконски акт во правилникот за одгледување на марихуана. Затоа ли е паниката на Заев и Филипче толку голема? Дали се точни нашите информации дека овие двајца имаат удел во бизнисот со канабис и се фатени во тесно? Затоа ли повиците на Заев кон поединци во царина и патувањето на Филипче кон Грција се случуваат во тој период? Дали случајно има и плус висок поранешен функционер вмешан во нарко бизнисот на Заев и Филипче? Праша пратеникот Петрушевски.

Клопчето се одмотува, крајот се гледа. ЈО да го истражи случајот до крај. Одговорност мора да има! Истакна тој.

Најнови вести од Македонија

To top