СДС додека беа на власт се правеа слепи при очи и глуви при уши. Едноставно најмногу им одговарало да глумат во филмот – не сме од тука кога станувало збор за нивниот коалициски партнер ДУИ, поточно кога станувало збор за Артан Груби, истакна на денешната прес конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.
Mногу е јасно дека во СДС биле свесни за сите криминални активности како за скандалот Лотарија, луксузните објекти, потоа приказните на Груби како автомобилот му го дале на заем да го вози и што уште не.
Сите се свесни дека станува збор за криминални активности. И ако тоа е толку очигледно, а и резултираше неодамна со ставање на Груби на црната листа на САД, знаеле и СДС додека беа со нив во коалиција. Цела јавност знаеше за постапките на Груби, медиумите јавуваа секојдневно, а алармиравме и ние како партија и тоа долг период.
Оттука од СДС премолчувале за криминалните активности на Груби, или едноставно кажано го дозволиле неговото криминално делување.
Очигледно, за молчењето од страна на СДС имало причина, има нешто со што Груби ги држел во раце.
Сега за почеток СДС треба да се извини на целата јавност, на сите граѓани за премолчување на овој криминал, за кражбата на народните пари.
СДС треба и да се охрабри, да ја признае својата сервилност кон ДУИ. СДС ова треба да го направи и за себе, за да прекине да биде партија на уценети политичари на кои единствено им се важни само личните и партиските интереси.
Едноставно е, јавноста треба да знае, а СДС треба да го направи првиот чекор да признае и да се извини на граѓаните.