СДС јавно да се извинат за Груби.
Од криминалите за Лотарија, преку дуќанот на улица Македонија под цена, до луксузното возило кое демек не е негово, туку му го дал пријател, Груби мириса на криминал и корупција.
СДС знаеле што прави Артан Груби, и го дозволиле неговиот криминал.
Со години и ВМРО-ДПМНЕ и медиумите и граѓаните алармираа и предупредуваа дека Груби ја ограбува државата, а СДС и ДУИ молчеа.
Со што ги држел Артан Груби СДС и ДУИ па никој не смеел да му застане на патот?
Дали уште СДС се уценети од Груби и затоа не смеат да се откажат од него и со што?
Жално е да се гледа како СДС се претвори во партија на уценети политичари, кои заради свој личен комодитет ја уништуваат опозицијата.
Ќе се охрабри ли некој во СДС да каже НЕ на Груби и политичарите кои ги уценуваат во врвот на СДС?, запраша Петрушевски на денешната прес конференција.