Македонија „наткаст“

Перински во „Наткаст“: Мотивиран сум, можам да придонесам за подобрување на состојбите во Град Скопје

Перински вели дека е мотивиран и смета дека дел од неговото искуство во минатото и во јавниот сектор додека работел во рамки на Градот Скопје имал прилика да ги види најголем дел од проблемите и аномалиите со кои се соочува Градот.

Перински во „Наткаст“: Мотивиран сум, можам да придонесам за подобрување на состојбите во Град Скопје

Апсолутно да. Ова е одговорот на министерот за локална самоуправа Златко Перински на прашањето дали се уште е на ставот да биде кандидат за градоначалник на Град Скопје на претстојните локални избори во „Наткаст“ на Курир со Љупчо Цветановски.

Перински вели дека е мотивиран и смета дека дел од неговото искуство во минатото и во јавниот сектор додека работел во рамки на Градот Скопје имал прилика да ги види најголем дел од проблемите и аномалиите со кои се соочува Градот.

-Од друга страна страна сум мотивиран бидејќи состојбите кои моментално го тиштат Градот Скопје се базичните потреби на граѓаните кои не се задоволуваат и тоа дополнително ми дава мотивација. Имам прилика изминатите осум месеци, од составувањето на новата влада, да работам на полето и тематиките кои го тангираат и Градот Скопје, тоа се локалната самоуправа и локалниот развој. Мислам дека овој спектрум на околности ми дава за право да кажам дека сосема доволно и солидно ги познавам околностите во кои треба да се работи и дека можам да придонесам во таа насока на подобрување и надминување на тие општи состојби кои се за жал, под секое достоинство за скопјани, вели Перински во „Наткаст“ на Курир.

Целото гостување може да го погледнете во продолжение.

Најнови вести од Македонија

To top