Македонија Дебата на МРТ

Пендаровски прифаќа албански јазик на ниво на македонскиот?!

Немам дилеми околу тоа. Не велам дека само за апсолутно-суспензивно треба да се менува Устав,  меѓутоа ако веќе го отвораме за ова што ни е главна пречка, кон ЕУ, треба да го направиме тоа, рече Пендаровски.

Пендаровски прифаќа албански јазик на ниво на македонскиот?!

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски на вечерашната дебата на Македонската телевизија вели дека нема ништо против доколку добие уште еден мандатот да се промени онаа формулација „20 проценти“ во Уставот кој се однесува на јазикот да стои албански јазик.

-Ако влеземе во уставни промени, во однос на тоа дека Бугарите треба да ги ставиме во Устав заедно со други 5 делови од народи, значи ако се отвора Уставот, Уставот не треба да се отвора секој понеделник, ако го отвораме, можеме да го промениме и делот во однос на овие 20 отсто, и во делот од суспензивно во апсолутно вето. Немам дилеми околу тоа. Не велам дека само за апсолутно-суспензивно треба да се менува Устав,  меѓутоа ако веќе го отвораме за ова што ни е главна пречка, кон ЕУ, треба да го направиме тоа, рече Пендаровски.

Пендаровски вечерва во предизборното соочување на националниот јавен сервис – Македонска телевизија на седуммината кандидати за претседатели потенцираше дека, за жал, сè уште живееме во поделено општество и дека една од неговите заложби беше да се обиде да го намали овој јаз кој постои со години.

„Едно време постоеше огромен јаз меѓу етничките заедници, особено меѓу Македонците и Албанците. Во изминативе 10, 15 години постои јаз меѓу самите Македонци, меѓутоа за жал во тој дел, дел од луѓето не беа подготвени да го направат тој чекор, едни кон други, а еден дел од нив беа инструирани од политичките субјекти да не го прават тоа. Можам да кажам дека во тој дел ни претстои огромна работа, кој било да е претседател во следните пет години затоа што поделено општество по дефиниција не може да ги користи сите потенцијали кои му се на располагање. Само со солидарност едни кон други, само со користење на клучниот потенцијал на 1.8 милиони луѓе кои живеат во Македонија може да напредуваме. Сè друго е заблуда“, рече Пендаровски и додаде дека ако се исклучи една категорија на луѓе, односно припадници на една политичка партија или по кој било основ не може да се напредува.

Најнови вести од Македонија

To top