Македонија СДСМ

Пендаровски не очекувал вакви резултати: Тргнуваме, практично, од нула

Вели дека гласовите се поделиле на повеќе страни затоа што имало повеќе кандидати.

Пендаровски не очекувал вакви резултати: Тргнуваме, практично, од нула

Општа оценка од првиот круг на претседателските избори, барем од мој аспект, е дека резултатите не се такви какви што очекувавме. Бројките уште се движат и се пресметуваат, истакна кандидатот за претседател на Македонија од СДСМ, Стево Пендаровски.

-Од она што го знам, веројатно разликата ќе биде некаде околу 130.000 гласови, може и нешто повеќе. Очекувавме помалку. Но, од утре е нов ден. Почнуваме средби со граѓани како и до сега. Тргнуваме, практично, од нула, рече Пендаровски.

Вели дека гласовите се поделиле на повеќе страни затоа што имало повеќе кандидати.

-До вториот изборен круг има празници и неработни денови, но за нас тоа нема да важи. Продолжуваме до крај да го промовираме концептот во кој веруваме и јас сум убеден дека на крај ќе излеземе со мнозинска поддршка на македонските граѓани за тој концепт, рече Пендаровски.

To top