Македонија нема владеење на правото

Пандов за ЕУ извештајот: Брисел јасно кажува дека во Македонија мора да има избори час поскоро

Според Пандов оваа Влада на СДСМ и ДУИ наместо да се бори за спроведување на правото, владеење на правото и борба против корупција, истата не го почитува правото, а корупцијата и криминалот само ги продлабочуваат.

Пандов за ЕУ извештајот: Брисел јасно кажува дека во Македонија мора да има избори час поскоро

Брисел со Извештајот ни испраќа јасен сигнал дека час поскоро во Македонија треба да има избори и оти партиите од власта треба час поскоро да одат во опозиција, рече Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во вечерашната емисија само вистина која се емитува на телевизија Канал 5 говорејќи за последниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјава за последнава година.

Според Пандов оваа Влада на СДСМ и ДУИ наместо да се бори за спроведување на правото, владеење на правото и борба против корупција, истата не го почитува правото, а корупцијата и криминалот само ги продлабочуваат.

„Оваа Влада предлага до Собранието многу закони со европско знаменце, а законите немаат никаква врска со било какви европски стандарди. Оваа влада направи во Македонија да има само целосно партизирано судство. За степенот на партизација на правосудството, за непочитување на законите не само ЕУ, не предупредуваат и САД. Оваа влада на СДСМ и ДУИ со своите постапки јасно ни кажаа и покажаа дека нема намера да спроведува било какви реформи во правосудниот систем“, рече Пандов.

Пандов укажа дека оваа Влада не направи ништо во насока на владеење на правото, освен што амнестира криминалци.

„Судството, обвинителството се целосно нефункционални, не се презема ништо за реформа или било какви позитивни промени во оваа клучна област. Тоа е клучна област за Брисел, или Брисел главно гледа до каде се стандардите од оваа област и по тоа го оценува патот до каде е некоја земја која оди кон полноправно членство во ЕУ“, посочи Пандов.

To top