Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев, кои денеска се осудени на доживотен затвор за грабнувањето и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, остануваат во притвор до правосилност на пресудата, одлучи денеска Судот.
За таткото на Вања, Александар Ѓорчевски се укинува мерката куќен притвор и по приемот на решението тој веднаш треба да биде ослободен.
Палевски, Манев, Видевски и Кешишев се прогласени за виновни и осудени на единствена казна доживотен затвор.
Таткото на Вања , Александар Ѓорчевски е ослободен од обвинението. Судот пресуди дека обвинителството не докажало, надвор од разумно сомневање, дека тој со умисла им помогнал на обвинетите за грабнување на неговата ќерка.