Македонија СКАНДАЛ

Пациенти во борба за живот, несовесни луѓе во борба за профит: За Онкологија се чека одговорност и правда, а не партиски потези на Филипче

Ова било невозможно да се случува без знаење на највисоките структури на министерството и власта. Затоа Филипче не може да избега од одговорност бидејќи тогаш седеше на најудобната фотелја во здравството – министерската.

Пациенти во борба за живот, несовесни луѓе во борба за профит: За Онкологија се чека одговорност и правда, а не партиски потези на Филипче

Екс-министерот за здравство и актуелен лидер на СДСМ, Венко Филипче, можеби успева во тесните партиски редови да ги убеди луѓето дека нема темни дамки во неговата работа. Но пациентите кои минаа низ голгота и нивните семејства, нема да дозволат криминалот правен на сметка на нивното здравје да помине со несовесно напишан партиски говор.

На Клиниката за онкологија се случувало сценарио од вознемирувачки хорор филм. Луѓе кои се борат за живот не ја добивале потребната терапија или примале само дел од неа. Тоа не го говори некој лаик туку сегашни и поранешни пациенти.

Некој од нив, за жал, не ја ни дочекаа разврската која се надеваат дека ќе донесе правда. Некој си играл со нивното здравје на сметка на сопствена корист, што беше потврдено со официјални изјави, сведоштва, извештаи….

Мизрахи: Профитот на СДС во случајот Онкологија им бил поважен отколку животите на граѓаните

На панел дискусијата организирана од ВМРО-ДПМНЕ на тема „Моќта на лековите, живот или профит“, пратеничката Рашела Мизрахи истакна дека Анкетната комисија го сработила своето поврзано со скандалот Онкологија, на која била образложено прекршување на над 60 членови од различни закони.

-Законот за јавни набавки до Законот за здравствена заштита, Законот за здравствено осигурување и итн. Што главно не доведе до предлог заклучоците, коишто на крајот никогаш не беа изгласани, меѓутоа како предлог заклучоци, беа архивирани во Собранието и така понатаму проследени по барање на обвинителството и до обвинителството, во кое се именува 6 лица на раководни позиции во тој период коишто сметавме дека имаат политичка одговорност, па понатаму обвинителството треба да увиди други типови на одговорност во скандалот Онкологија, нагласи Мизрахи.

Пратеничката издвои што нашла Анкетната комисија во своето работење, а тоа е дека никогаш не постоела стручна комисија којашто увидувала кои медикаменти и нивните количини се потребни, туку дека на друго место биле договарани истите.

Додаде дека недостасувале шестмесечните известувања на самата Клиника за радиотерапија и онкологија, набавки на реверси преку коишто се довела самата Клиника во долгови до 12 милиони евра, никогаш не биле пропишани протоколи, дека никогаш немало вонреден надзор и други увиди кои ги изнела Анкетната комисија.

-Кога немате анализа, на крајот имате хаос, којшто очигледно дека имало профити, коишто биле позначајни отколку животот и здравјето на граѓаните. До тука можеме да заклучиме дека системот бил во целосно безредие, хаос, којшто довело до колапс и верувавме дека овој колапс не е само на Клиниката за онкологија, туку во целокупниот здравствен систем, потенцираше Мизрахи.

Дали Филипче е вмешан во вештачката криза на Онкологија преку веледрогеријата Пановски?

Дали Филипче влијаел за доделување на тендери на веледрогеријата Пановски во висина над 35 милиони евра? Вештачката криза што се случува години наназад, поради тоа што веледрогеријата Пановски, која е во блиска релација со Филипче, го уценувала македонското здравство за што поголем профит, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Профитот што го остварувала оваа веледрогерија, го правела врз маките на граѓаните, кои плаќале огромни суми за лекови за да го продолжат животот на најблиските. Граѓаните вакво нешто не заслужуваат. Македонското здравство заслужува подобар третман и услуги. Оваа мафија на смртта која што палела и гасела во македонското здравство мора да одговара. Го повикуваме ЈО да отвори истрага против оваа мафија која што ја интересира само профитот од маката на граѓаните. Исто така, да истражи колку пари се испумпувале од ФЗОМ и Клиниките. Правдата мора да дојде, а оваа мафија да одговара, стои во партиското соопштение.

Филипче во самоодбрана на неодбранливото

Претседателот на СДСМ и поранешен министер за здравство буквално и фигуративно, се дозаплетка во лош обид за самоамнестија од огромната одговорност за најморбидната македонска мега-афера со Онкологија, скандал кој не случајно го доби името „Диво месо“. Во луциден обид за докажување дека е невин, поранешниот министер ги извади наводните 6-месечни извештаи од Онкологија кои тврди дека доаѓале до него и кои докажувале дека додека тој бил прв човек на македонското здравство, таму се се одвивало по пропис и сите пациенти ја добивале терапијата. Филипче денеска мафтајќи со „извештаите“ изјави:

„Мизрахи, од тогаш па до денес, тврди дека јас имам одговорност во тој случај. Да ја потсетам јавноста, обвинувањето беше дека како тогашен министер за здравство, сум требал да водам сметка за тоа што биле обврски на Министерството за здравство кон Клиниката за оноколигија и обратно, а се однесува на редовните шестмесечни извештаи за работата на клиниката и стручните комисии. Сите извештаи добро и уредно пополнети и заверени беа доставени. Дури и во најтешките ковид времиња, кога имаше рестрикции во движиња ниту еден онколошки пацинет и тоа пациентите го знаат, не беше оставен без терапија, сето тоа било редовно соработувано во министерството за здравство,“ рече Филипче.

Филипче изгледа во моментов настапува само во име на својата партиска функција. Затоа што, како да не е доволно неговото однесување додека беше на функција и тоа на што граѓаните беа сведоци, па тој изгледа заборава дека пред се, по професија, е доктор. Како таков, ова што го правеше и го прави е недозволиво – се брани себеси во случај кој јавноста ја крена на нозе по сведоштва на пациенти, болни од најтешките болести.

Онкологија имала тендери за лекови без одобрение на Фондот, што само покажува дека се набавувало без систем и се трупале финансиски обврски кон добавувачот. Исто така, на одделот за карцином на дојка не се приложувал специјалистички извештај од „Мој термин“, туку сосема друга форма каде што тешко се следи заболувањето, испитувањата и терапијата. Креиран е тотален хаос, со цел во тој хаос некој да профитира. Ова било невозможно да се случува без знаење на највисоките структури на министерството и власта. Затоа Филипче не може да избега од одговорност бидејќи тогаш седеше на најудобната фотелја во здравството – министерската.

Доктор Чибишев: Аферата Онкологија му нанесе смртоносен удар на здравството, последиците сè уште се чувствуваат

Од оваа временска дистанца може слободно да кажам дека овој невиден скандал ќе го обременува и ќе го обструира здравствениот систем во целина уште долго време затоа што ќе остави длабоки и тешко решливи последици кои најмногу ги погодуваат пациентите, а потоа ќе го отежнат патот кон решавање на проблемот, вели Чибишев за КУРИР.

Скандалите од Клиниката за онкологија сè уште ја потресуваат македонската јавност. Пациентите биле жртва на негрижа од страна на минатата власт, а аферите кои беа обелоденети сега се користат за некакво оправдување за избегнување на одговорност. Пациентите, нивните семејства, вработените ја знаат вистината, а официјалните извештаи постојат и сведочат за реалната, застрашувачка слика.

КУРИР стапи во контакт со проф. д-р Андон Чибишев, кој беше прво стручно лице кое веднаш по обелоденување на аферата излезе со анализа во јавноста.

-Мојот коментар ќе го започнам со мои зборови кои ги кажав само 10 дена после обелоденувањето на аферата „Онкологија“ во емисија кај почитуваниот Љупчо Цветановски: „Аферата Онкологија е најгрозоморната и најтраорна афера во историјата на македонското здравство“. Аферата му нанесе смртоносен удар на здравството од кој и денес после скоро една ипол година последиците сè уште се чувствуваат. Довербата во јавното здравство која и онака беше на најниско ниво дополнително е изгубена, пациентите се во очај и неверување и се почесто спасот го бараат во странство, а во Македонија плаќаат здравствено осигурување. Од оваа временска дистанца може слободно да кажам дека овој невиден скандал ќе го обременува и ќе го обструира здравствениот систем во целина уште долго време затоа што ќе остави длабоки и тешко решливи последици кои најмногу ги погодуваат пациентите, а потоа ќе го отежнат патот кон решавање на проблемот, вели Чибишев за КУРИР.

Чибишев коментира дека недостигот на лекови и потребен медицински материјал на оваа Клиника ќе трае и ќе биде тешко за неколку месеци да се реши.

-За мене не постои оправдување за настанатата ситуација во која се давале скапи и неопходни лекови “под рака”, не се санкционирале вработени за кои имало докази дека ја злоупотребуваат довербата која им е дадена, не се обелоденувале извештаите од инспекциите кои ги правеле соодветните служби во Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување . Така агонијата и „ бонбона“ бизнисот си врвел и понатаму и траел со години, како во поговорката “ кучињата лаат, караванот си врви“. На крајот, проблемот нема да го решат жалопојќи и обвинувања од типот дека сега има нова власт и таа треба тоа што еден неодговорен го направил, 100 одговорни да го решат за неколку месеци, посочува директорот на Токсикологија, доктор Чибишев.

Чибишев во изјава за КУРИР оценува дека овој скандал не се решава за неколку месеци, потребно е време, трпение, знаење, енергија, чесност, соработка на сите нивоа и соодветна поддршка од надлежните државни институции.

-Одговорните лица од Клиниката за Онкологија, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување ја имаат поддршката од јавноста тоа да го направат. Уверен сум дека наскоро ќе имаме стабилен здравствен систем и подобра здравствена грижа за сите, посочи Чибишев.

To top