Македонија ЦУК

Откако излезе од коалицијата со СДСМ: Стојанче Ангелов ќе биде разрешен од Талат Џафери

Доколку Владата се согласи со предлогот на премиерот Талат Џафери и смета дека треба да бидам разрешен јас без противење ќе ја прифатам нејзината одлука, истакна тој.

Откако излезе од коалицијата со СДСМ: Стојанче Ангелов ќе биде разрешен од Талат Џафери

Техничкиот премиер Талат Џафери денеска ќе разговара со директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и лидер на партијата „Достоинство“ Стојанче Ангелов, откако тој во неделата најави дека излегува од коалицијата предводена од СДСМ и дека разговара за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

-Доколку јавно најавил дека не стои зад владината програма, од формален аспект секако дека ќе започнам одредени постапки во однос на кадровското решение и ќе донесам соодветна одлука. Секако дека тоа што се вели на телевизија не е за започнување на постапка, но јас директно ќе комуницирам со директорот. Така што, сметам дека ќе заврши со разрешување, рече тој.

Се огласи и Ангелов кој рече дека ќе ја прифати одлуката.

-Како директор на ЦУК мој приоритет секогаш била, е, и ќе биде, безбедноста на граѓаните поради што максимално посветено и професионално ја извршувам оваа одговорна функција. Доколку Владата се согласи со предлогот на премиерот Талат Џафери и смета дека треба да бидам разрешен јас без противење ќе ја прифатам нејзината одлука, истакна тој.

Најнови вести од Македонија

To top