Македонија за останатите одлука во текот на денот

Одреден притвор за Бектеши и 12 лица за пожарот во „Пулс“, дадена наредба за спроведување истражна постапка

Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со катастрофалниот пожар во Кочани.

Одреден притвор за Бектеши и 12 лица за пожарот во „Пулс“, дадена наредба за спроведување истражна постапка

Судот го прифати предлогот на Обвинителството и одреди 30 дена притвор за 13 лица од 19-те кои се опфатени со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 59 луѓе, а 196 беа повредени.

Меѓу 13-те за кои е одредена мерката и поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши. За останатите шест ќе се одлучува во текот на денешниот ден.

Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со катастрофалниот пожар во Кочани.

Деталите за истрагата, осомничените и предложените мерки за обезбедување од Обвинителството најавија дека ќе бидат соопштени на прес конференција пред зградата на Основното јавно обвинителство Кочани денеска во 12 часот.

 

Најнови вести од Македонија

To top