– На спомен обележјето, во помен на загинатите припадници, венци положија делегации од Генералштабот и Министерството за одбрана, Командата за операции, воздухопловниот Винг, првата пешадиска бригада, членовите на семејствата на загинатите и претставници на општината Петровец. Почит на загинатите е одадена и пред спомен обележјето пред командата на воздухопловниот Винг во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, како и во кампот „Бутмир“ во Сараево, Босна и Херцеговина, се наведува во соопштението.
Армискиот хеликоптер Ми-17 се урна на 12 јануари 2008 година кај катлановско Блаце, враќајќи ги од мисијата „АЛТЕА“, потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, наредниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Александар Тасковски, водниците Мики Ивановски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски.