Повисоки плати, поквалитетна здравствена заштита, сериозен скринининг на пациентите во примарното здравство и поголема мотивирност кај лекарите – ова се клучните бенефити од зголемувањето на капитацијата на матичните доктори по општа медицина гинекологија и стоматологија. Лекарите ја поздравуваат финансиската инекција од Владата, и велат дека тоа ќе биде оправдано.Тие се првата борбена линија за здравјето на пациентите, и затоа според нив секој осигуреник треба да добие квалитетна здравствена услуга и рано откривање на определени заболувања што е од огромно значење за превенцијата.
Директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски вели дека со растот на финансиите во примарното здравство се зголемуваат очекувањата за работата и продуктивноста на лекарите. А треба да се намалт и бирократските процедури за отворање на нови амбуланти..
“Прагот на пензионирање што ќе ни се случува во следните години овој дефицит на старосната структура на матичните лекари е релативно неповолна..и следните години многумина ќе заминат во пензија ние мораме да се спремаме за тој момент.Фокусот во моментот е како да се олесни преносот на постоечки ординации на младите доктори тоа не е едноставна постапка” вели Клековски.
Вредноста на капитацискиот бод за општа медицина и гинекологија ќе се зголеми од 75 на 100 денари или за 33 отсто, додека за стоматологија од 61 на 75 денари или за 23 проценти. Зголемувањето доаѓа по повеќегодишна стагнација во периодот од 2019 до 2022 година кога бодот изнесувал 63 и 48 денари.