Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Очекуваме ЈО темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Очекуваме ЈО темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово

Сведоштвата на поранешната обвинителка Лејла Кадриу отвораат сериозни прашања за причините и одговорноста за трагичниот настан во модуларната болница во Тетово, велат од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.

Филипче ја составил, потпишал и одобрил техничката спецификација, но доколку постапувал согласно закон и доколку не го интересирале провизии, трагедијата можела да биде спречена. Модуларната болница во Тетово била изградена без исполнување на минимум стандарди. Наместо овие објекти да служеле за безбедност на граѓаните, истите не биле во согласност со пропишаните стандарди за изградба на објекти од областа на здравството. Зошто законите не се почитувале и се импровизирало при нивното спроведување? Зошто не биле доследно применети Законот за градење и Законот за здравствена дејност? Зошто профитот бил ставен пред јавното добро? Филипче и СДС наместо безбедноста на граѓаните ги интересирале провизии, анекси и тендери. Во време на Филипче се вршеле набавки на вакцини од фирма која продава манго и ананас. Дополнително, се делеле физиолошки раствори наместо хемотерапија на Онкологија. Пожарот во модуларната болница во Тетово исто така се случил поради низа пропусти при изградбата на објектот.

Очекуваме Јавното обвинителство темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ

Најнови вести од Македонија

To top