Македонија Имал „само“ 15 кутии со ракети

Обвинителството демантира: Не се повлекле, му пуштиле цела една прекршочна на Дрин

Дрин Ахмети куртули од кривичен прогон, Јавното обвинтеластво во своето соопштение поајсни дека количеството на пиротехника било доволно само за прекршочна пријава, која и му ја изрекле. Во превод, момчето кое според медиумите имаше 20 милиони евра за да ја купи Соравија, па после немаше, дал само некој милион, сега ќе си плати нешто ситно и ќе „си свирка“. Ако воопшто и плати, знаејќи како тоа функционира во македонскиот систем наследен од ДУИ/СДСМ, девастиран и доведен на најниско можно дереџе.

Обвинителството демантира: Не се повлекле, му пуштиле цела една прекршочна на Дрин

Дрин Ахмети куртули од кривичен прогон, Јавното обвинтеластво во своето соопштение поајсни дека количеството на пиротехника било доволно само за прекршочна пријава, која и му ја изрекле. Во превод, момчето кое според медиумите имаше 20 милиони евра за да ја купи Соравија, па после немаше, оти дал само некој милион, сега ќе си плати нешто ситно и народски кано ќе „си свирка“. Ако воопшто и плати, знаејќи како тоа функционира во македонскиот систем наследен од ДУИ/СДСМ, девастиран и доведен на најниско можно дереџе.

-Не е точно дека Јавното обвинителство се повлекло од гонење на наведеното лице (Дрин Ахмети). Напротив, по целосно спроведена предистражна постапка и наредено вештачење, обвинителството ги обезбедените докази утврдуваат прекршочна одговорност на лицето и издаде Наредба до МВР – Биро за јавна безбедност – СВР Скопје со која побара поведување на прекршочна постапка против пријавениот согласно одредбите од Законот за заштита од експлозивни материи, соопштуваат од Јавното обвинителство.

Во однос на кривична одговорност, вешто лице изврши увид и анализа на запленетите пиротехнички средства и детално констатираше поединечно за каков вид на пиротехнички производи станува збор. Согласно извршеното вештачење, во конкретниот случај се работи за 7 петарди и 15 кутии со ракети за огномет, чии испалувања биле евидентирани поединечно, но во суштина се поврзани и претставуваат една целина. За набавката на огнометот пријавениот поседувал фактура од правно лице чија што дејност е продажба на пиротехнички средства, а за изведба на огнометот било ангажирано друго правно лице.

To top