Македонија

Новите камери не се во функција, поставувањето и тестирањето во тек

По завршувањето на сите потребни активности околу овој проект јавноста соодветно ќе биде известена.

Новите камери не се во функција, поставувањето и тестирањето во тек

Континуирано се одвива надградбата на системот „Безбеден град“. Казни за прекршителите на сообраќајните правила и прописи нема, бидејќи системот се уште не е ставен во функција.

-Новите камери кои се поставуваат во Скопје се во рамките на проектот „Безбеден град”, кој има за цел зајакнување на сообраќајната безбедност, а откако ќе бидат поставени, ќе се користат за документирање на сообраќајни прекршоци. Камерите сѐ уште не се во функција, вели за Курир портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Истакнува дека по завршувањето на сите потребни активности околу овој проект јавноста соодветно ќе биде известена.

Како што изјави и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски при посетата на Единицата за оперативно-технички работи, за целосното ставање во функција на системот потребно е да се направат и соодветни законски измени.

Системот „Безбеден град“ е поставен и во Куманово и Тетово, но неговата надградба засега го опфаќа само главниот град.

To top