По трагедијата во Кочани, во новинарските кулоари на големо се шушка дека некој се обидува истата да ја злоупотреби за политичка агенда.
Постои реална опасност одредени структури- домашни и странски, да направат обиди за да ја искористат ситуацијата за политичко манипулирање и создавање нестабилност и внатрешни тензии.
Логистиката веќе е направена, а сценариото според планот и предвиденото би почнало во понеделник.
Новинари, од свиркачи, веќе добиле и имаат и докази за сценариото за дестабилизација.
Еден од нив кој најави дека има се документирано и во понеделник ќе објави е и новинарот Љупчо Златев.
-Видовме подготвеност на здравствените власти. Преживеаните експресно беа згрижени и голем дел од нив беа испратени во странство во најбрз можен рок. Беше организирана помош, најдобрите доктори дојдоа овде.
Видовме подготвеност на МВР и ОЈО кои експресно осомничија 34 лица и 3 фирми за случувањата. Осомничените се приведоа неселективно, ги има од ВМРО – ДПМНЕ, од СДСМ и од ДУИ.
Да, систем конечно има. Треба да се работи уште многу на неговото зајакнување, но истиот по подолго време постои!
Македонија е ранливо општество, тоа значи дека длабоката држава нема да се предаде без битка.
Почнаа со лажни вести, преку своите медиумски платеници ширеа лаги дека се кријат мртви, дека полицијата заклучувала врати и дека власта ги убила младите. Сакаа да снимаат погреби, но, за среќа пропагандата не им пројде. Граѓаните сфатија за шарените лаги и старите актери…
Во понеделник сакаат да ги активираат силите на хаосот.
Инструкторка од соседна Србија, веќе ги организирала дел студентите од УКИМ да почнат сценарио за дестабилизација. Во сценариото ќе учествува уште една организација, која претходно се обидуваше да го спроведува истото за случајот Фросина Кулакова (кој исто така експресно беше решен од властите). Логистиката ја даваат дури три политички партии. Нивните лидери работат за длабоката држава, а можеби и за една странска служба.
Среќа имаме свиркачи, има деца кои не сакаат да бидат злоупотребени, има деца кои ја сакаат Македонија.
Тие деца, документираа се што прават агентите на хаосот, под патрон на инструкторката која ја знаеме. Тие деца смимаа, сликаа и правеа скриншотови во последните три дена. Имаме се и ќе ви презентирамe се, за да не ве излажат како што ве излажаа во 2015, 2016 и 2017 година. Ваше е да размислувате критички.
Во понеделник ќе видите се!, пишува Златев на Фејсбук.