Со пленарен состанок на Генералното собрание, на кој учествуваа претставници од 88 уставни судови, вчера попладне заврши VI-от Конгрес на Светската Конференција за уставна правда.
Како што соопштуваат од Уставен суд, по усвојување на Агендата за нови членови на Бирото, за Африка било избрано Кралството Мароко, за Америка – Република Перу, за Азија и Океанија – Тајланд и за Европа – Република Австрија. Република Суринам била едногласно примена во членството.
-На состанокот беа прифатени Амандманите на Статутот што се однесуваат на замрзнување и суспензија на членство и на ревизија на финансиските контрибуции. Дискусијата за прием како набљудувач во подгрупи регионални и лингвистички за апликацијата на Конференцијата за уставна надлежност на туркискиот свет, беше одложена со цел да се утврдат објективни критериуми за прием, а Република Бугарија го повлече предлогот за членство на Балканскиот форум на уставни судови како регионална група, стои во соопштението од Уставен суд.
VI-от Конгрес завршил со усвојување на Мадридското комунике.