Македонија оглас

Нов скандалозен оглас за вработување: ЈП Национални шуми има потреба од дрвосечачи – Албанци во Берово, Крива Паланка, Демир Капија…

На неколку месеци пред избори во Македонија се активираше добропознатата ПР-алатка, а тоа е огласи за вработување во државни институции.

Нов скандалозен оглас за вработување: ЈП Национални шуми има потреба од дрвосечачи – Албанци во Берово, Крива Паланка, Демир Капија…

На неколку месеци пред избори во Македонија се активираше добропознатата ПР-алатка, а тоа е огласи за вработување во државни институции.

Па така во последните неколку дена сведоци сме на серија огласи за вработување во државни претпријатија, органи и служби.

Еден таков оглас е и оној на „Национални шуми“, каде верувале или не, во општини како Крива Паланка, Берово, Демир Капија… се бараат вработени, но истите мора да се Албанци.

Овој список е долг, што кога би го погленале ќе си помислите дека ситуацијата во Македонија е многу ургентна, па имаме голема потреба од дрвосечачи, надгледувачи…

Доколку внимателно го погледнете овој список, ќе приметите дека во македонски етнички општини има објавено оглас за вработување со критериум лицето да е Албанец, исто како што се изненадивме неделава дека за вработување на гинеколог на Клиника се бараше лекарот специјалист да биде Албанец. Така викал законот! Но во истиот овој законот не е примарно да се биде добар  гинеколог, со повисоки оценки, со поголем број извршени стручни успешни интервенции и со позитивни резултати во кариерата.

Facebook / ЈП Национални шуми

За дрвосечач исто така нема некаков критериум во смисла, колку и какви шуми осакатил во интерес на граѓаните кои мора да се греат на дрва во 21 век, кога веќе државата не вовела евтин еколошки начин на загревање. Се разбира, дрвосечач треба да сече и заради самата шума, болни дрва на пример. Или дрва во Берово кои може да паднат и да повредат човек. Албанец тоа најдобро ќе знае да го направи познавајќи го теренот во Берово и регионот.

Најнови вести од Македонија

To top