Николоски потенцираше дека Европската комисија во извештајот нотира немање на владеење на правото, високиот степен на корупција како и злоупотреба на процедурите.
Делот кој што се однесува на владеењето на правото, делот кој што се однесува на корупцијата и делот кој што се однесува на злоупотребата на процедури се јасно нотирани во овој последен Извештај за Македонија, рече Николоски.
Според Николоски дека Извештајот од Европската комисија е лош е и самиот факт што изостанува еуфоријата од владата на СДСМ и ДУИ, и тоа што Ковачевски избегал надвор од државата на некакво измислено обраќање, само за да не е присутен тука.
Гледате дека изостана еуфоријата оваа година, премиерот избега, надвор од државата е на некакво си измислено обраќање во УНЕСКО, истакна тој.
Потпретседателот Николоски додаде со Извештајот од Европската комисија како меур од сапуница се распрснала лагата на владата на СДСМ и ДУИ дека имаат поддршка од меѓународната заедница.
Им се распрсна како меур од сапуница нивната приказна која ја говореа континуирано години наназад, а тоа е дека ја имаат меѓународната поддршка, дека Европската унија само што не ја примила Македонија, дека да не се лошите од ВМРО-ДПМНЕ, Македонија ќе оди со полна пареа напред. И сега кога се удираат во ѕид, кога сите сфаќаат дека она кое што го зборуваме со години е вистина а тоа е дека причината поради која Македонија не почнува преговори со ЕУ, најмалку е Бугарија, кажа Николоски.
Потпретседателот Николоски посочи дека основната причина зошто Македонија не почнува преговори со ЕУ не е Бугарија, туку затоа што нема битка со организираниот криминал и високата корупција.
Основната причина зошто Македонија не почнува преговори со ЕУ е затоа што нема воспоставено функционален систем на владеење на правото, и затоа што нема битка со организираниот криминал и високата корупција, изјави тој.
Николоски рече дека решението од ваквиот состојба е убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ, мнозинство од 61 пратеник се со цел силна битка со криминалот и корупцијата, и тоа како што рече тој може да го направат во првите 6 до 9 месеци.
Решението е убедлива победа на парламентарните избори, мнозинство од 61 пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, силна битка со криминалот и корупцијата, и тоа може да го направиме во првите 6 до 9 месеци и многу работи ќе се сменат самите од себе, нагласи Николоски.