Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Николоски: Време е на Валандово да му се случи промена за заеднички да можеме да ја градиме општината

На 19 октомври да ги поканиме сите кои што ги познавате да излезат да гласат, да го заокружат бројот 9 и победата да биде голема уште таа вечер, за заеднички да почнеме веќе од 20-ти да работиме, додаде Николоски.

Николоски: Време е на Валандово да му се случи промена за заеднички да можеме да ја градиме општината

На народниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Валандово се обрати вицепремиерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

-Промената која што минатата година почна ќе се случи и на локални ниво. Време е на Валандово да му се случи промена за заеднички да можеме да ја градиме општината, градот и сите населени места кои што гравитираат кон градот, да правиме поубави места за живеење, места во кои што луѓето ќе доаѓаат, а нема да си одат, места во кои ќе сака малиот бизнис да инвестира, места во кои вие ќе можете да ја видите својата иднина, рече Николоски.

Тој потенцира дека е потребна голема масовна мобилизација.

-На 19 октомври да ги поканиме сите кои што ги познавате да излезат да гласат, да го заокружат бројот 9 и победата да биде голема уште таа вечер, за заеднички да почнеме веќе од 20-ти да работиме. Мислам дека и градот и општината страдаа доволно во овие години од една некомпетентност, од една неработа и непосветеност скоро и да не се гледа нешто различно или нешто што се направило, реализирани проекти скоро и не можеме да видиме, додаде Николоски.

Најнови вести од Македонија

To top