Пред нас се историски избори за Македонија, избори кои што ќе ја одредат судбината на Македонија во следните 20 до 30 години, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 4, Александар Николоски.
-ДУИ не се во позиција да уценуваат, а граѓаните со масовната излезност и на 24 април и на 8 мај ќе кажат едно големо НЕ на уцените. Пендаровски да одговори зошто не осуду ниедна криминална афера, рече тој.
Николоски порача дека претседател на Македонија се бирало, се бира и ќе се бира од граѓаните на непосредни избори.
-Во Прилеп, додека Венко Филипче тераше лична промоција и личен ПИ-АР, 608 луѓе го загубија животот, 608 семејства се зацрнија, посочи тој од митингот во Прилеп.