Македонија Со ова се исполнети сите услови за доизградба на железничкото поврзување

Николоски: Бугарија го ратификуваше Договорот со Македонија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8

„Паралелно го развиваме и Коридор 10 и Македонија ја правиме вистинска раскрсница на Балканот за добробит на сите македонски граѓани. Продолжуваме да работиме“, порача вицепремиерот.

Николоски: Бугарија го ратификуваше Договорот со Македонија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Денес Народното Собрание на Република Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8. Овој Договор во декември беше ратификуван и во Македонското Собрание, информира вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

-Со ова се исполнети сите услови за доизградба на железничкото поврзување помеѓу Скопје и Софија и Бургас. Горд сум што овој Договор кој го потпишавме на 6ти Ноември со заменик претседателот на Владата на Бугарија Гроздан Караџов ќе значи поблиски економски врски помеѓу двете држави и двата народи, но покажува и силна посветеност на Македонија во реализација на Коридор 8 кој е исклучително значаен безбедносен коридор од висок интерес на НАТО и нашите стратешки партнери, информира Николоски.

„Паралелно го развиваме и Коридор 10 и Македонија ја правиме вистинска раскрсница на Балканот за добробит на сите македонски граѓани. Продолжуваме да работиме“, порача вицепремиерот.

Најнови вести од Македонија

To top