Македонија Разликата повеќе од очигледна

НАТО самитот како повод за споредби: Пасивноста и сервилноста на Заев и СДСМ заменети со енергичност и резултати на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

НАТО самитот како повод за споредби: Пасивноста и сервилноста на Заев и СДСМ заменети со енергичност и резултати на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

Посветеноста на владините делегации на светските форуми играат клучна улога во градењето на репутацијата на една држава. Очигледната разлика во работењето на македонските влади на двата НАТО самити- оној во Брисел во 2021 година со СДСМ и оној во Вашингтон во 2024 година со ВМРО-ДПМНЕ – е јасен показател за трансформацијата која ја доживува Македонија.

Во 2021 година, македонската делегација предводена од тогашниот премиер Зоран Заев беше присутна на НАТО самитот во Брисел. За време на оваа посета која траеше осум дена, владината делегација имаше само две активности за кои испрати соопштенија до медиумите. Ограничениот број на активности и недостигот на значајни средби ја отсликуваат пасивноста и недостатокот на енергичност на тогашната влада. Експертите често го критикуваа ваквиот пристап, укажувајќи дека Македонија пропушти многу можности за зајакнување на својата меѓународна позиција и економски развој.

Спротивно на тоа, новата владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски на историскиот НАТО самит во Вашингтон во 2024 година демонстрираше ново ниво на проактивност и енергичност. Самитот во Вашингтон беше обележан со постојана активност на делегацијата, која на секои неколку часа имаше важни државнички активности. Мицкоски и неговиот тим се сретнаа со десетици конгресмени, сенатори и влијателни личности од американската администрација. Премиерот Мицкоски одржа предавање на престижниот Универзитет Џонс Хопкинс, најави нова американска инвестиција во Македонија и оствари средба со претставници на македонската дијаспора.

Експертите се едногласни дека оваа разлика во пристапот и посветеноста е повеќе од очигледна. Според една објава на социјалните мрежи на политички аналитичар се истакнува, мешу другото и следново: „Активностите на владата на Мицкоски во Вашингтон покажуваат дека Македонија конечно се буди од долгогодишната заспаност. Новата ера на енергичност и проактивност на ВМРО-ДПМНЕ е јасен сигнал дека Македонија е подготвена да ја зајакне својата позиција на политичката, економската и безбедносната сцена“.

Во прилог на ова, во објава на социјалната мрежа Икс се додава и дека „новата американска инвестиција во Македонија е директен резултат на проактивниот пристап на владата на Мицкоски. Ова е само почеток на серија позитивни економски промени кои ќе следуваат како резултат на зголемената посветеност и работа на владата.“

Разликата во работењето на двете влади е повеќе од очигледна. Владата на Зоран Заев повеќе од 7 години се карактеризираше со пасивност, додека новата влада на Христијан Мицкоски очигледно демонстрира силна проактивност и динамичност. Оваа нова ера да се надеваме дека ќе донесе нова надеж за позитивни резултати на политички, економски и безбедносен план за Македонија.

Најнови вести од Македонија

To top