Македонија

Наскоро решение за зголемување на платите во здравството, ќе се интензивира и економско-социјалниот дијалог

Наскоро Владата ќе излезе со решение за зголемување на платите во здравството, рече денеска заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески по Извршниот одбор на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС).

Наскоро решение за зголемување на платите во здравството, ќе се интензивира и економско-социјалниот дијалог

Наскоро Владата ќе излезе со решение за зголемување на платите во здравството, рече денеска заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески по Извршниот одбор на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС).

Тој најави и интензивирање на социјалните дијалози, како и на состаноците со сите синдикати и невладини организации од областа на трудот, на кои, нагласи, присутен ќе биде и бизнис секторот.

Синдикатите ги поздравија владините мерки, посебно есенската и училишната кошничка.

-Благодарение на брзото консолидрање на Буџетот, подобрувањето на економските параметри и ниската инфлација успеавме да ги исплатиме платите во повеќето поголеми јавни претрпијатија како „Македонски шуми“, „Железници“ и „Потшти“, но успеавме и за пет отсто да ги зголемиме платите во образованието со најава дека во наредните четири години покачувањето ќе достигне најмалку 46 отсто со можност овој процент да биде и поголем. Веќе се работи и на решение за здравството. За брзо време ќе слушнете кое решение ќе го понуди Владата во однос на платите во здравството, истакна Ристески.

МИА

Потсети и дека пред една недела, во рамки на Министерството за економија и труд, почна да функционира Економско-социјалниот совет.

-Ќе ги интензивираме сите социјални дијалози преку отворени диксуии, добра анализа и параметри од праксата. Ќе градиме правилни стратегии и ќе донесуваме нови закони кои ќе значат економски раст, подобрување на животниот стандард, зголемување на платите и во јавниот и во приватниот сектор, како и функционирање на правниот систем. Целта е развој на бизнисот, отворање нови работни места и нови инвестиции, потенцира заменик-министерот.

И во оваа прилика Ристески се осврна на претходната власт, обвинувајќи дека оставила, како што рече, економска пустош.

-Голем број од негативните политки спороведени во претходниот период направија економска пустош во државата, а неправилното функционирање на правната држава и неправилните економски мерки придонесоа голем број млади и работоспособни луѓе да заминат од земјава, истакна заменик-министерот.

Според претседател на КСС Благоја Ралповски, наталожени се куп проблеми, пред се функционирањето на социјалниот дијалог.

-Многу пати кажавме дека социјалниот дијалог е само формален, без ништо суштинско. Во тој дел денеска ги изнесовме проблемите, зборувавме за изменување и дополнување на законите, за стратешките акциски планови кои со Владата и работодавачите ги преземаме на годишно ниво. Стана збор и за покачување на платите. Пред две недели имавме историско зголемување на платите во образованието, но разговаравме и за зголемување на платите во здравството, како и за економските мерки на Владата. Не радува што, благодарение на овие економски мерки, есенската и училишната кошничка, инфлацијата стагнира и е од 0,5 до 0,6 отсто во последните два месеца, рече Ралповски.

To top