Македонија дзс

Намален бројот на превезени патници со автобус

Намален бројот на превезени патници со автобус

Во второто тримесечје од 2024 година, во патничкиот патен превоз биле превезени вкупно 10 686 илјади патници, што е намалување од 15.1 %. во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статстика.

Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 14.5 %, во приградскиот превоз за 16.5 %, во меѓуградскиот превоз за 9.9 %, а во меѓународниот превоз е намален за 30.3 %.

Во второто тримесечје од 2024 година, во однос на истиот период од 2023 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 19.5 %.

Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 13.6 %, во приградскиот превоз е намален за 13.7 %, во меѓуградскиот превоз е намален за 0.9 %, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 29.7 %.

Најнови вести од Македонија

To top