Македонија Зголемување низ годините

Над 53.000 неважечки ливчиња за градоначалници

На изборите за градоначалници се регистрирани 53.724 неважечки ливчиња, што е највисок број досега, додека кај советничките листи бројот достигна 50.143.

Над 53.000 неважечки ливчиња за градоначалници

Во периодот од 2017 до 2025 година, бројот на неважечки ливчиња на локалните избори во Македонија расте, со особено нагласен пораст во последниот изборен циклус.

Во 2017 година, во првиот круг од локалните избори за градоначалници биле регистрирани 45.551 неважечки ливчиња.

Овој број се намалил во 2021 година, кога беа евидентирани 19.127 неважечки ливчиња за градоначалници, но истовремено имало 37 959 неважечки ливчиња за советнички листи.

На последните избори во неделата, бројот на неважечки ливчиња драстично се зголеми. На изборите за градоначалници се регистрирани 53.724 неважечки ливчиња, што е највисок број досега, додека кај советничките листи бројот достигна 50.143.

To top