Првиот човек на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов (кој според дел од ССМ е нелигитимен претседател) информира дека донеле одлука да излезат на улиците на Скопје на 2-ри април.
Ова, како што вели, било наводно поради одлуката на Владата за еднострано усвојување на информацијата, според која утврдија минимална плата, на штета на работниците во Македонија и неприфаќајки ги предлозите за висината. Според Трендафилов, не се преговарало со поголемиот дел на гранските синдикати на ССМ ниту за висината на платите во јавниот сектор.
Симптоматично, најавата за „улица“ на Трендафилов „сосема случајно“ се поклопува со најавите за нови протести на „Кој е следен?“, чиј протест со мегафон минатиот пат го одјави синот на Владо Бучковски, а за кој протест и барања за одговорност од владата следниот ден на прес-конференција во СДСМ побара Јон Фрчковски, кој по фотографиите како „шмрка“ кокаин, се повлече од партијската функција.