Македонија АМСМ

На ГП „Табановце“ се чека 30 минути

оради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје и натаму е затворен за секаков вид на возила.

На ГП „Табановце“ се чека 30 минути

АМСМ информира дека поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила. На ГП „Табановце“ времето на чекање за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје и натаму е затворен за секаков вид на возила.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

To top