Македонија

МВР: Лажна е дојавата за бомба во Народна банка

По денешната добиена пријава, како што информираат од МВР, од страна на Единицата за антитероризам при Бирото за јавна безбедност се направени потребните проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава.

МВР: Лажна е дојавата за бомба во Народна банка

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека e лажна пријавата за наводно поставена бомба во зградата на НБРСМ во Скопје.

-Благодарение на воспоставените протоколи за безбедност од изминатата година за институциите, а кои и НБРСМ ги имплементира, безбедноста е загарантирана со висок степен, велат од МВР.

По денешната добиена пријава, како што информираат од МВР, од страна на Единицата за антитероризам при Бирото за јавна безбедност се направени потребните проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава.

-Апелираме до граѓаните да не се вознемируваат. Институциите имаат обврска да ги следат и имплементираат мерките на Владата во целост и на тој начин да ја засилат безбедноста на своите објекти, посочуваат од Министерството.

To top