Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски утре ќе ги презентира резултатите од работата на Министерството за внатрешни работи за изминатата година.
На настанот ќе присуствува и свое обраќање ќе има и премиерот Христијан Мицкоски, а најавено е присуство и на министри, раководството на министерството и други официјални гости.
Настанот ќе се одржи со почетокот во 11:30 часот во Домот на културата „Билјана Беличанец” во Општина Кисела Вода.
По настанот, во паркот позади домот на културата ќе биде поставен карванот „До Вас, за Вас“, во кој полицијата презентира дел од своите единици и опремата која ја користат со цел запознавање, соработка и креирање доверба помеѓу граѓаните и полицијата.