Македонија днк анализите во тек

МВР ги добило од Турција отпечатоците на Палевски

Од Република Турција побаравме да се достават дактилоскопските податоци, папиларните линии на Љупчо Палевски-Палчо, и тие се доставени и ќе бидат предадени во јавното обвинителство и се очекува наскоро да стигне и материјалот за ДНК анализа, изјави синоќа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за ТВ Канал 5.

Иако Македонија ги поседува биометриските податоци за секој граѓанин на државата, потребно е и во овој тек на постапката од осомничениот Палевски кој избега во Турција, додава Спасовски. Сите овие податоци се потребни за да се потврди инволвираноста на сите кои во моментов се осомничени и за кои се поднесени кривичните пријави. Се анализираат 70-тина камери од кои се извадени нивните записи кои се вештачат и се доставени или се доставуваат до Јавното обвинителство и над 50-тина снимки кои се изведени од системот „Сејф сити“.

Спасовски рече дека МВР целосно го заврши својот дел од работите во врска со убиствата на 14-годишното девојче Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски (74).

Најнови вести од Македонија

To top