Утре (петок, 05 јули 2024) министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски ќе одржи НАТО работен појадок.
Во фокус на средбата ќе биде 75-от јубилеј на Алијансата, кој ќе биде одбележан на претстојниот Самит во Вашингтон.
Воведното обраќање на Министерот Муцунски ќе биде отворено за медиумите, по што ќе следува затворена дискусија.