Македонија

МП: Измените на Законот за бесплатна правна помош влегуваат во собраниска процедура

Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за бесплатна правна помош влегува во собраниска процедура, информираат од Министерството за правда. Со измените кои ќе се носат по скратена постапка се врши усогласување со Законот за вештачење и со тоа корисниците на бесплатна правна помош ќе имаат пристап до услугите од вешто лице.

Како што информираат од Министерството за правда, со членот 1 од Предлогот на закон се менува членот 13 став 6 од Законот за бесплатна правна помош на начин што се определува дека наместо Бирото за судски вештачења, вештачењата за потребите на корисниците на секундарната правна помош ќе ги вршат физички лица запишани во Регистарот за вештаци или правни лица запишани во Регистарот на правни лица што вршат вештачење.

Со измените се уредуваат правата и обврски на учесниците во постапката за секундарна правна помош.

– Вештакот мора да биде од соодветната област која што е неопходна за решавање на правното прашање за кое е одобрена секундарната правна помош. Изборот на вештакот се врши согласно процесните закони. Се воспоставува обврска за соработка со корисникот како и со назначениот адвокат. Дополнително, се воспоставува обврска вештачењето, независно од која област се врши, да биде исклучиво за потребите на правното прашање за кое е одобрена секундарна правна помош. За прашањата поврзани со одговорноста, откажувањето, одбивањето да се вештаци се применуваат релевантните закони како и актите на Комората на вештаци, стои во соопштението од МП.

Во законот, како што дополнуваат, се уредува постапката за исплата со што, како материјална одредба се применува членот 29 став 5 од Законот за вештачење кој ја уредува висината на наградата и надоместокот на трошоците.

To top